Како да започнете третман со Orthero?

1

Испитување.

Вашиот доктор ќе го испита Вашиот проблем и врз основа на тоа ќе креира случај на Orthero порталот.

2

План за третман.

Дизајнираме план за третман со 3D анализа, терапија и симулација, почитувајќи и придржувајќи се до дијагнозите и барањата на Вашиот доктор.

3

Персонализирано производство.

Вашиот персонализиран алајнер е произведен со 3D принтер, специјално за Вас.
Вашиот доктор треба само да ги аплицира и да го започне Вашиот третман.

4

Контрола.

Под контрола на Вашиот лекар, Orthero успешно ќе ги намести вашите заби во нивната идеална позиција

Вашите заби се дигитализираат

Ако сте пациент за Orthero терапија, отпечатоците од вашите заби, скеновите  и сликите од забите ќе бидат пратени до Orthero центарот од Вашиот доктор.

Вашите отпечатоци ќе бидат скенирани со 3D скенери и тоа со осум микрони – висока прецизност.

Преку 3D симулација, Вие можете да ја видите последната позиција на забите уште пред да започнете со вашиот третман.

Вашиот дигитален отпечаток ќе биде анализиран од нашиот тим експерти со цел да се креира 3D план и третман.
Кон вашиот доктор ќе биде пратена 3D симулацијата и тоа како би се одвивале движењата чекор по чекор.
Оваа симулација, можете да ја разгледате со докторот и да се запознаете со Вашата нова насмевка.

Кој не би сакал да види како би изгледал по третманот?!

Персонализираните Orthero алајнери ќе бидат произведени единствено за Вас со последната технологија. Ќе имате идеална насмевка во 3D симулација. Вашите персонализирани алајнери ќе бидат доставени до Вашиот доктор.
Се додека регуларно ги користите алајнерите и тоа по 10 часа на ден, можете да започнете со Вашиот следен чекор за само две седмици.
Со секој алајнер што го започнувате, односно со секој следен чекор, Вие сте поблиску до Вашата совршена насмевка.

КОНТАКТ ФОРМА

    0+
    ДРЖАВИ
    0+
    СТОМАТОЛОЗИ
    0+
    ПАЦИЕНТИ